ПОВЕЌЕ

    Василевска: Гласот за Орце Ѓорѓиевски е глас за достоинство и враќање на урбаниот живот во градот Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Иванка Василевска, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата Аргумент+ на телевизија 24.
    Пратеничката Василевска посочи дека процесот на подготовки за локални избори во секоја сериозна политичка структура почнува многу порано затоа што е многу важно  што ќе добијат граѓаните како политичка понуда на претстојните локални избори.

    „Поддршката кон Орце Ѓорѓиевски не е само поради припадноста во ист политички субјект и иделошка, туку е и суштинска, бидејќи е докажан и којшто помина низ повеќе филтри на докажување и оттаму сум сигурна сум дека многу скоро навистина ќе почнеме да функционираме малку попристојно, нели не може преку ноќ да се случи се, но она што го очекувам  е дека ќе имаме подобрување во тој дел”, вели Василевска.

    Василевска  ги повика граѓаните масовно да излезат во вториот круг и да му дадат поддршка на Орце Ѓорѓиевски, за уште една голема победа и оправдување на довербата која што ја добиваме од граѓаните.

    „Македонските граѓани  масовно да излезат на вториот круг и да му дадат поддршка на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, гласот за Орце Ѓорѓиевски ќе значи глас за достоинство и враќање на урбаниот живот во градот”, рече Василевска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично