ПОВЕЌЕ

    WITCON 2025: Конференција со фокус на вештачка интелигенција, иновации и технологии – онлајн на 21. ноември и во Мериот Скопје на 22. ноември

    Време зa читање: 3 минути

    Со големо задоволство Women in Tech Macedonia го најавува 3-тото издание на WITCON – конференција за вештачка интелигенција, иновација и технологија овој ноември! Со онлајн присуство на 21-ви ноември со глобални учесници и публика, а 450 посетители, 65+ говорници и претставници на над 100 компании од Македонија, регионот и светот на целодневна дружба на 22ри ноември во хотел Marriott Hotel Skopje, Women in Tech Macedonia најавува нов концепт на WITCON.

    Од конференција со првична идеја да опфати топ теми во индустријата, WITCON од оваа година оди чекор напред и преминува во дводневна конференција со најава од повеќе од 65+  говорници-професионалци од регионот и Македонија и над 450 посетители.

    Конференцијата претставува совршеното место да запознаете нови ментори, соработници, колеги и истомисленици на наведените теми со цел на едно место да се спојат знаењето, искуството и талентот. Како прв говорник од регионот го најавуваме Јасмин Алиќ, LinkedIn’s No.1 Creator кој ќе го сподели своето искуство и знаење за LinkedIn и како оваа мрежа може да ви помогне во растот на вашиот личен или бизнис бренд. Очекувајте ги најавите на останатите говорници на нашите социјални мрежи, па следете не на Facebook, Instagram & LinkedIn со повеќе новости.

    Конференцијата е концепирана да ги задоволи интересите на професионалците, пионерите во индустријата но и да понуди многу знаење, вмрежување и можности за оние кои се и на почеток на својата кариера. Обезбедете си го своето место на  следниот линк: https://drugastrana.mk/event/witcon-2025/ и придружете ни се на оваа 2-дневна незаборавна конференција.

    „Од потреба што ја увидовме во индустријата, па идеја до реализација WITCON оваа година порасна во дводневна конференција со уште поголем интерес од година за година. Она што навистина не радува е фидбекот што го добиваме после секоја завршена конференција, како луѓето навистина уживале во истата, си нашле нови колеги или почнале да работат на нов продукт, биле инспирирани и слично, е всушност вистинското задоволство и водечка сила кое ни дава мотивација и инспирација да креираме новитети секоја година. Нема да откријам што спремивме за 2025, зошто знам дека ќе се видиме и онлајн и во хотел Мериот“ – вели Моника Ризовска Таневска,  амбасадор на Women in Tech Macedonia & глобален Community Director на Women in Tech.

    Обезбедете си карта на време на следниот линк: https://drugastrana.mk/event/witcon-2025/ и следете не на Facebook, Instagram & LinkedIn со повеќе новости и најава на говорници!

    За WITCON:
    WITCON е врвна технолошка конференција посветена на истражување на пресекот на иновациите, технологијата и претприемништвото. Секоја година, WITCON обединува индустриски лидери, експерти и ентузијасти за да разменуваат идеи, да создаваат партнерства и да инспирираат промени. Со динамична постава на говорници, панел дискусии и можности за вмрежување, WITCON е крајната дестинација за оние кои би сакале да ја обликуваат иднината на технологијата и бизнисот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично