ПОВЕЌЕ

    Гордана Димитриеска-Кочоска од Охрид: Регионално поврзување за поголем обем и квалитет на тргувањето

    Време зa читање: 3 минути

    Се отвораат нови можности за македонскиот пазар на капиталот и за домашните компании, преку поврзувањето и заедничкото делување со земјите од регионот, нагласи министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во воведното излагање на 24 Годишна конференција на Македонска берза што се одржува во Охрид. Простор, на кој „се спојуваат новите знаења и искуството, домашните компании се среќаваат со меѓународни партнери, каде што се создаваат идеи“.

    Министерката наведе дека Министерството за финансии потпишало Меморандум за соработка со седум земји од Централна и Југоисточна Европа: Бугарија, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.

    „Со овој чекор ја покажавме нашата решеност да бидеме дел од една поширока регионална мрежа. Согласно овој Меморандум, земјите потписнички ќе работат на усогласување на регулаторното опкружување, вклучувајќи ги постапките за издавање лиценци и условите за обелоденување информации, со цел намалување на бариерите за проток на капитал меѓу државите потписнички. Исто така, земјите меѓусебно ќе се консултираат за предложените регулативи и иницијативи на ЕУ, кои можат да влијаат на нивните пазари на капитал. Тие земји ќе се обидат да координираат заеднички регионален пристап во разговорите со европските институции“.

    Според министерката, ова е значајно, бидејќи нашиот пазар, иако стабилен, е релативно мал.

    „Често недостасува ликвидност, а тоа е клучен фактор кога компаниите бараат долгорочни средства. Особено за малите и средни претпријатија, тие што секојдневно го носат товарот на економијата. Со поврзувањето на пазарите им даваме шанса на полесно да дојдат до капитал, да ја зголемат конкурентноста и да најдат партнери надвор од границите на земјата.

    На тој начин не само што го јакнеме пазарот на капитал, туку ја поттикуваме и економијата, да расте побрзо и поодржливо. Потпишувањето на овој Меморандум се очекува уште повеќе да ги зголеми вредноста и обемот на тргувањето на берзите и да се зголеми можноста за домашните компании за обезбедување дополнителен капитал за нивното работење“.

    Си новата регионална соработка ќе се обебзбеди поголема дисперзија за тргување, ќе се зголеми и обемот и квалитетот на тргувањето. Тоа ќе значи и нова енергија за домашните компании и нов поттик за економијата во целина.

    „Паралелно се работи и на регулаторната рамка, зашто ниедна промена не може да се спороведе без јасни и предвидливи правила. Затоа, беа усвоени измените на два клучни закони во оваа област, за финансиски инструменти и за проспект и транспарентност на издавачите. Со тоа ја пролонгираме нивната целосна примена за една година, затоа што сакаме институциите и сите учесници да имаат доволно време да се подготват за кога реформата ќе стартува. Да биде спроведена квалитетно и без потреси. Сакаме системот да биде стабилен и да работи во интерес на сите. Целта е да создадеме современ, транспарентен и конкурентен пазар кој ќе ги следи европските стандарди, но и ќе одговара на потребите на домашната економија. Министерството за финансии е партнер и поддржувач на целата оваа работа.

    Да ги искористиме овие можности кои се отвораат пред нас, да се поврземе повеќе, да си веруваме повеќе и да бидеме посмели во нашите чекори“, порача министерката за финансии од Охрид.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично