ПОВЕЌЕ

    Ѓорѓи Петрушев на „Бизнис Лидер“: Лидерството не се мери по големината, туку по одговорноста

    Време зa читање: 3 минути

    Зборот „одржливост” се употребува пречесто, но се практикува премалку, иако одамна престана да биде избор. Глобалните трендови се јасни – климатските промени, демографските движења, социјалната нееднаквост и новите генерации на потрошувачи бараат одговорни компании. Тоа не е повеќе „убаво да се има“ во годишните извештаи, туку е предуслов за опстанок, нагласи генералниот директор на Млекара Битола, Ѓорѓи Петрушев – панелист на конференцијата „Бизнис Лидер“.

    Според него, одржливоста е систем, поврзаност, начин на размислување. Тоа е економска и општествена стратегија за долгорочна конкурентност. Притоа, посочи дека во БиМилк одржливоста има конкретни координати: локални синџири, партнерство со фармерите, технологии за минимален отпад, енергетска трансформација и човечки капитал.

    „Во Бимилк, секој ден ја живееме оваа одржливост. Секојдневно снабдуваме повеќе од еден милион потрошувачи. Тоа е еден милион причини да бидеме одговорни. Тоа е еден милион семејства кои очекуваат од нас квалитет, сигурност и доверба. Секој од тие потрошувачи не купува само производ, туку и доверба. А довербата, еднаш изгубена, никогаш не се враќа. Квалитетот е темелот на нашето лидерство. Најголемата конкурентност не произлегува од цената, туку од квалитетот“, нагласи Петрушев.

    Тој укажа и на врската меѓу одржливоста и лидерството.

    „Ако одржливоста не се прифати од лидерите како основна вредност, ако не се вгради во ДНК на компанијата од страна на лидерите, одржливоста ќе остане само buzzword и можеби PR алатка. Лидерството е клучно за трансформација од одржливоста како стратешка намера до оперативна реалност. Во ера на климатски предизвици, геополитика и инфлација, лидерството е способност да се обединат луѓе, процеси и технологија околу јасна цел.

    Ако одржливоста не ја градиме свесно денес, утре ќе ја плаќаме скапо – како компанија, но и како општество“, истакна Петрушев.

    Воедно, издвои – приватниот сектор мора да оди чекор напред – од извештаи кон мерливи резултати на терен, од PowerPoint кон нови процеси и технологии.

    „Да бидеме лидери што оставаат вредности, а не само бројки, зашто лидерството денес не се мери по тоа колку сме големи, туку по тоа колку сме одговорни“, порача првиот човек на БиМилк, Ѓорѓи Петрушев.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично