ПОВЕЌЕ

    Инвестициските фондови со нето-вредност од 434 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Зголемени приливи и намалени одливи – август бил поволен за отворените инвестициски фондови. На крајот од осмиот месец нивната нето вредност достигнала 26,7 милијарди денари, односно 434,1 милион евра. Споредено со јули, забележан е раст од 4,32 насто.

    Податоците застапени во августовскиот извештај на Комисијата за хартии од вредност покажуваат засилен интерес на инвеститорите. Остварениот прилив е во износ од 1,8 милијарди денари или 29,5 милиони евра, што претставува месечна промена од 12,9 насто.

    Паралелно со тоа, кај одливите е регистриран пад од 10,54 отсто и во август изнесувале 15,1 милион евра.

    Резултатот од тие движења е позитивната нето-разлика од 14,4 милиони евра.

    ВО ТУЃИ СМЕТКИ ГЛЕДААТ, ЗА СВОИТЕ РАБОТАТ: Ревизорите прават дебели профити само со пенкало 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично