ПОВЕЌЕ

    Инвестициските фондови со финансиски плус од 9,24 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со зголемените приливи и намалени одливи јули бил поволен за отворените инвестициски фондови. Нивната нето-вредност се зголемила за 790 милиони денари, односно за 12,5 милиони евра. Тие 2,96 насто раст придонеле на последниот ден од минатиот месец да се регистрира износ од 25,59 милијарди денари или 415 милиони евра.

    Во текот на јули, според податоците од Комисијата за хартии од вредност, во инвестициските фондови се слеале за 1,13 насто повеќе средства отколку во јуни. Вкупниот прилив изнесува 26,12 милиони евра, наспроти претходните 25,87 милиони евра.

    Месечната промена кај одливите е во надолна насока. Забележан е пад од 4,40 отсто, па во јули сумата е 16,88 милиони евра. Во овој дел падот беше присутен и во јуни (-5,98% и 17,69 милиони евра).

    Резултатот од овој сооднос е позитивната нето-разлика. Отворените инвестициски фондови го заокружиле минатиот месец со плус 9,24 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично