ПОВЕЌЕ

    Новитет во инвестицискиот пазар – Крипто валути во класичните фондови

    Време зa читање: 4 минути

    Финансиските пазари се менуваат побрзо од кога било, а крипто валутите повеќе не се „алтернативна инвестиција“, туку стануваат дел од глобалниот финансиски систем. Ова води до едно важно прашање: Дали навистина сте безбедни од крипторизици, дури и кога не инвестирате директно во крипто валути?

    Голем број на инвеститори, во Македонија и глобално, сеуште избираат класични инвестициски фондови или ЕТФ (ETF), мислејќи дека тоа значи сигурност и стабилност. Но реалноста е посложена, крипто валутите веќе продираат и таму каде што не ги очекувате.

    Крипто валути – Дали сте навистина заштитени од ризик ако инвестирате во класични фондови?

    Многу инвеститори во Македонија избираат класични инвестициски фондови, пензиски заштеди или ЕТФ (ETF), верувајќи дека така се држат настрана од непредвидливиот крипто пазар.

    Но вистината е дека крипто валутите веќе тивко навлегуваат и во нив, и тоа без ваш избор. Дури и без намера, вложувањето во глобален ЕТФ или класични инвестициски фондови може да ве доведе до изложеност на високо нестабилни дигитални средства.

    Оваа појава е наречена „крипто лазење“ (crypto-creep), постепено и речиси незабележливо навлегување на крипто валутите во класичните инвестициони портфолија. Инвеститорите веќе не се безбедни од крипто лазењето дури и во класичните инвестиции.

    Крипто валутите веќе се дел од класичните инвестиции

    Иако некој инвеститор формално не вложува во крипто валути, тоа не значи дека неговото портфолио е безбедно од овие дигитални средства. Напротив, преку индекси и глобални фондови, крипто валутите се сѐ почесто присутни, индиректно.

    Еве неколку примери:

    • Коинбејс (Coinbase), една од најголемите криптоберзи во светот, денес е дел од S&P 500, еден од најпопуларните индекси во светот.
    • Микростратеџи (MicroStrategy), компанија што држи огромна количина биткоини, е вклучена во Nasdaq 100.
    • Блок (Block – поранешен Square), финтек компанија што нуди крипто услуги, исто така е дел од S&P 500.

    Иако овие индекси се далечни од македонската реалност, Македонските инвеститори често вложуваат преку странски посредници, домашни банки или преку меѓународни инвестициски фондови, каде што и тие индиректно можат да бидат изложени на крипто лазење.

    P2P.mk – Вашата паметна алтернатива 

    Во услови кога традиционалните фондови стануваат сѐ покомплексни и сѐ помалку транспарентни, потребен е начин на инвестирање што е директен, јасен и под ваша контрола.

    Токму тоа го нудиме ние преку нашата P2P.mk платформа. P2P (peer-to-peer) инвестирањето им овозможува на инвеститорите директно да инвестираат во потрошувачки и хипотекарни кредити. Нема посредници, нема сложени берзански структури.

    Со P2P.mk:

    • Вие одлучувате каде оди вашата инвестиција – вие избирате во кои кредити да инвестирате.
    • Транспарентност – секој кредит на платформата е детално опишан.
    • Без криптоекспозиција – инвестирате директно во кредити, а не во акции поврзани со крипто валути.
    • Стабилен пасивен приход – јасно знаете кога и колку ќе добиете назад.
    • Почеток со само 3.000 мкд – пристапно за секој инвеститор.

    Како функционира P2P инвестирањето преку P2P.mk?

    На нашата платформа, инвестирате директно во потрошувачки и хипотекарни кредити за физички лица или компании. Нема посредници, нема фонд менаџери, нема скриени трошоци.

    1. Се регистрирате на платформата – едноставно, брзо и бесплатно.
    2. Ги разгледувате достапните кредити – детални информации достапни.
    3. Инвестирате избран износ во портфолио од кредити – можете да диверзифицирате, односно да инвестирате мали износи во повеќе кредити.
    4. Ги следите уплатите и приносите – сѐ е автоматизирано и достапно во реално време.

    Со P2P инвестирање нема скриени ризици, нема необјаснивa изложеност на крипто валути, и нема зависност од глобални берзански шокови.

    P2P.mk vs Класични ЕТФ фондови

    Карактеристики

    P2P.mk 

    Традиционални ЕТФ фондови

    Тип на инвестиција Директно во кредити (потрошувачки и хипотекарни) Индиректно во акции и индекси (често и крипто)
    Контрола над изборот  Целосна – вие одлучувате во кој кредит инвестирате Ограничена – (обично автоматски одлучува менаџер)
    Изложеност на крипто Нема Можно, индиректно
    Транспарентност Висока (целосен увид во секое портфолио) Ограничена (немате увид за секоја подеинечна позиција на инвестициите)
    Минимална инвестиција Ниска (достапна за поширок круг инвеститори) Често повисока
    Принос Стабилен, пасивен приход Зависи од пазарот – може да биде непредвидлив

    P2P.mk – Инвестирајте таму каде што знаете што добивате

    Со тивкото навлегување на крипто валутите во глобалните индекси и портфолија, време е да се постави прашањето: дали навистина инвестираме онаму каде што мислиме?

    Со P2P.mk, го имате последниот збор, и контрола врз вашите средства. Без „криптолазење“ и без непредвидливи дигитални ризици. Изберете стабилност со P2P.mk без да се грижите за крипто валути во вашето портфолио коишто не сте ги избрале вие.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично