ПОВЕЌЕ

    КАПРИ КРАЈ ВАРДАР: Освежување, забава и ноќно капење на градскиот базен во Велес

    Време зa читање: 3 минути

    Велес нема море, но затоа има своја плажа и место за освежување. Подалеку од градската врева и жештина, во близина на градскиот стадион, се наоѓа базенот Капри, некогашниот градски базен во Велес, кој е и најголемиот базен во овој град. Капачката сезона, кој годинава почна малку подоцна поради работите на санација на дефектите, сега ги отвори своите врати за капачите од сите старосни категории.

    Но, затоа, ветуваат, базенот ќе биде отворен за сите кои сакаат да се освежат и релаксираат, уживајќи во неговите содржини, се додека дозволуваат временските услови, во текот на месец септември.

    Среден и освежен, базенот Капри нуди освежување и забава и за младите и за оние повозрасните. Еден од важните аспекти на базенот е пристапноста за лица со посебни потреби. Базенот нуди влез со пристап за лица со инвалидска количка и паркинг со истата достапност, што е многу важно за сите посетители.

    Базенот Капри е отворен секој ден од 10 часот наутро до 18 часот попладне. Пред и по овој термин, базенот се користи за школите за пливање, а некои вечери се одржуваат и забави со ноќно капење. Цената на билетот е 150 денари, додека за ноќно капење влезницата чини 100 денари.

    Во рамките на базенот има и шанк за пијалоци и храна. Цените се сосем прифатливи: пивото чини 100 денари, кока-кола 90, кафето 70 денари, а има и тостови и сендвичи, скромно, но сосем доволно мени за оние кои ќе огладнат од пливањето.

    И, секако, тука е водата во базенот, односно нејзиниот квалитет. ПАРИ разговараше со сопственикот на скопската фирма „Луксор оптик“, Љупчо Василевски, која е закупувач на објектот и тој ни потврди дека водата е со висок квалитет и дека континуирано се проверува од Заводот за здравствена заштита, заради безбедноста на капачите.

     

    Југослава Дуковска

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично