ПОВЕЌЕ

    Почина бизнисменот Душко Чифлиганец

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во несреќа на мотор загина Душко Чифлиганец, кој беше заменик претседател на „Адора бизнис групација“ и син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец.

    Несреќата се случила вчера попладне на мото трка во Брно, Чешка. По падот од моторот, 32-годишниот бизнисмен бил во кома, по што доцна синоќа им подлегнал на повредите, јавуваат повеќе медиуми.

    Душко Чифлиганец беше познат и како пасиониран учесник во брзинскиот мотоциклизам, адреналински спорт со кој се занимавал од мали нозе, а во последните две години беше активен и на меѓународните натпреварувања.

    Тој беше и активен учесник во хуманите активности на групацијата, која своите дејности од оваа област ги спроведува и во Србија, преку заедничка хумана мисија со Фондацијата Новак Ѓоковиќ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично