ПОВЕЌЕ

    Домашното производство обезбедува 89% од струјата – се троши помалку гас, повеќе нафта

    Време зa читање: 2 минути

    Домашното производство на електрична енергија во мај го покрива најголемиот дел од бруто-потрошувачката, покажуваат претходните податоци на Државниот завод за статистика. Според официјалните бројки, вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесувала 335.609 MWh, што претставува 89 отсто од вкупната домашна потрошувачка забележана истиот тој месец.

    Севкупната потрошувачка на електрична енергија изнесува 376.989 MWh, а статистиката покажува и значителни количини потрошени и од други енергенси: 3,704 милиони нормални метри кубни природен гас, 341.047 тони јаглен и 97.186 тони нафтени продукти.

    Голем дел од овие количини се користат токму за производство на струја. Така, 99,9 отсто од јагленот е потрошен за производство на електрична енергија, што повторно ја истакнува неговата централна улога во енергетската структура.

    Во термоцентралите се произведени 169.706 MWh, а во ходроцентралите 103.644 MWh електрична енергија. Соларни електрични централи партиципираат со 36.721, додека во ветерните електрични централи во мај биле произведени 20 873 MWh.

    Споредено со мај 2024 година, податоците покажуваат намалување на потрошувачката на природен гас – за 19,9 отсто. Од друга страна, потрошувачката на нафтени деривати е зголемена за 8,5 насто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично