ПОВЕЌЕ

    Речиси 100 проценти наплата на патарините! За шест месеци инкасирани 30,9 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Во првата половина од годинава, наплатата на патарините има реализација од високи 99,6 отсто. Инкасирани се повеќе од 1,9 милијарди денари или 30,9 милиони евра, што е за 78 милиони денари (близу 1,3 милиони евра) над износот од истиот лански период. Резултатот се должи на зголемената дигитализација.

    „ЈПДП бележи континуиран раст на приходите од наплата на патарина. Од почетокот на 2025 година до денес вкупниот приход за првото полугодие е 1.900.255.930 денари или во споредба со истиот период во 2024 година е повеќе за 78 милиони денари. Што се однесува до начинот на плаќање, во сериозен раст е употребата на ЕНП електронска наплата на патарина, и ова укажува на тренд на зголемна дигитализација и побрз проток на сообраќај на патарините“, вели во изјавата за МИА, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, кој истакнува дека се се намалува процентот на таканаречените „неплаќачи“.

    Растот на електронската наплата се очекува уште повеќе да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ државата, за што ЈПДП наскоро ќе објави повик за избор на оператор. Во системот Отворен Балкан досега се регистрирани 5.077 македонски тагови и 8.500 српски тагови.

    Електронски систем за наплата на патарините е воведен од јули 2019 година на наплатните станици Романовце, Отовица, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на Петровец. На Коридорот 8 наплатната станица Глумово профункционира како целосно електронска на 4 април минатата година, а Желино, се трансформираше во електронскиот систем еден месец подоцна.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично