ПОВЕЌЕ

    ИНФЛАЦИЈА: Дали владата ја подгрева со пензиите и платите? – Гордана Димитриеска Кочоска во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Дали владините политики влијаат на инфлацијата? Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, министерката Гордана Димитриеска Кочоска говори за причините за инфлацијата и дали владините одлуки, како зголемувањето на пензиите и платите, го зголемуваат притисокот врз цените. Еве што вели таа за ова горливо прашање.

    Извадив податок, па така на пример не знам, храната во 2022 година, како годишна стапка на раст, била 2022 со 21,5 проценти, 23-та била 11,8, денес е 3,4 за првите пет месеци. Така што оваа хистерија која што се труди да ја наметне опозицијата, мене ми е несфатлива, како економист. И при тоа, нормално, разбирам, оној дел од опозицијата кој што не се економисти да го зборуваат тоа, слушаа во минатото, ние зборувавме, ај сега ние ќе продолжиме, но ние зборувавме 21,5 проценти беше, а сега зборуваме за 3,4. Но не можам да сфатам како се чувствуваат комотно поедини економисти од опозицијата кои што ќе излезат со коментари колкава ни била инфлацијата и не ли им е срам кога ќе пијат утре кафе со некои други колеги економисти, вака да ги погледнат во очи и да кажат, е па да, јас за политички поени.

    Да, но годинава, јас гледам храна и безалкохолни пијалаци, е 4,1%.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично