ПОВЕЌЕ

    ПОВРАТ НА ДДВ: Кој добива и колку се враќа? – Гордана Димитриеска Кочоска за „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ зборува за повратот на ДДВ и новите политики што ја подобруваат наплатата. Таа наведува дека повратот е зголемен и објаснува зошто сега се исклучуваат злоупотребите. Дали системот конечно функционира како што треба?

    Последен податок за мај на пример, чисто месец мај. Минатата година вратени 2.138.000.000, годинава вратени 2.705.000.000, 567.000.000 денари повеќе, тоа е 26,5%. Во однос на оваа година, во однос на претходната исто така имаме раст на повратот на ДДВ, но морам да напоменам уште едно нешто. Растот е некаде околу 300.000.000 денари за цел период од 1.1. до 31. мај, но морам да напоменам и една друга работа. Го забораваме моментот кој што постојано го зборувам, а тоа е дека нема како до сега поврат да се дава кон компании кои што прават криминални работи и ја злоупотребуваат Управата. Ако ги внесеме, односно исклучиме од овие математики, тогаш многу поголем поврат даваме во однос на претходната влада, затоа што таа во својот поврат даваше и кон овие кои што го злоупотребуваат системот.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично