ПОВЕЌЕ

    ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО, ПА СЕ ПИШМАНИ: Јапонците збунети од Трамп – „Нипон Стил“ договорил превземање на „Ју Ес Стил“, а сега контролата останува во американски раце

    Време зa читање: 3 минути

    По повеќе од 17 месеци лобирање и тесни преговори за обезбедување контрола врз „Ју-Ејтс Стил“, јапонскиот „Нипон Стил“ во петокот се чини дека добил претседателски благослов.

    Меѓутоа, неколку дена подоцна, инвеститорите, раководителите и дипломатите сè уште не се сигурни што точно одобрил американскиот претседател.

    Доналд Трамп најави „планирано партнерство“ меѓу двата индустриски гиганти, тврдејќи дека тоа ќе создаде „најмалку 70.000 работни места“ – приближно пет пати повеќе од сегашните американски вработени во „Ју-Ејс Стил“ – и ќе додаде 14 милијарди долари на американската економија. Но, неговото неочекувано соопштение не го поддржа експлицитно предложеното преземање на „Ју-Ејс Стил“ од страна на „Нипон Стил“ за 14,1 милијарди долари во готово, туку наместо тоа тврдеше дека компанијата ќе „остане американска“.

    „Ју-Ес Стејтс Стил Корп.“, која јапонската „Нипон Стил Корп.“ се стреми целосно да ја преземе, „ќе биде контролирана од САД“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во неделата. „Инаку, не би го склучил договорот“, додаде Трамп, сугерирајќи дека американската влада може да ѝ дозволи на јапонската фирма да стекне само дел од акциите на „Ју-Ес Стил“.

    Иако истакна дека не знае каков ќе биде крајниот резултат, Трамп рече: „Тоа е инвестиција и делумно сопствеништво“. Тој исто така рече дека „Нипон Стил“ е добра компанија бидејќи е на пат да инвестира милијарди долари во челичната индустрија.

    Коментарите дојдоа откако Трамп во објава на социјалните мрежи во петокот изјави дека поддржува „планирано партнерство“ помеѓу „Нипон Стил“ и „Ју-Ес Стил“. Тој исто така рече дека „Ју-Ес Стил“ ќе остане во Америка“ и дека евентуалната инвестиција би донела 14 милијарди долари економски придобивки за САД. Но, тој не спомена дали ќе го одобри планот за аквизиција, ниту пак откри детали за партнерството.

    Трамп постојано посочуваше дека би ги поздравил инвестициите од Нипон Стил, но нема да одобри целосно преземање. Во меѓувреме, Нипон Стил продолжи со разговорите со американската влада со цел да преземе целосна контрола врз Ју-Ес Стил.

    Акциите на „Ју-Ес Стил“ скокнаа за 21% во петокот на 52,01 долари, бидејќи инвеститорите ги протолкуваа коментарите на Трамп, кој првично се спротивстави на договорот, како да значат дека „Нипон Стил“ добил негово одобрение за долго планираното преземање, последната голема пречка за договорот. Но, акциите сè уште остануваат под 55 долари по акција што ги нуди „Нипон“, што одразува неизвесност околу договорот.

    И „Ју-Ес Стил“ и „Нипон Стил“, сепак, ги пофалија коментарите на Трамп во петокот.

    За „Нипон Стил“, водечкиот производител на челик во Јапонија, договорот е клучен за неговата глобална стратегија за експанзија. Тој би го зголемил производството на 86 милиони метрички тони од сегашните 63 милиони тони – во време кога домашната побарувачка опаѓа.

    Иако компанијата е светски лидер во технологијата, домашниот пазар е заситен, конкуренцијата е жестока во Азија, а стратегијата за раст на компанијата се сврти кон нов правец, сметаат аналитичарите, додавајќи дека „Нипон“ може да очекува нов раст во САД со искористување на својата технолошка сила во висококвалитетниот челик. Соединувањето би го создало третиот најголем производител на челик во светот по обем, по кинеската групација „Баову Стил“ и луксембуршката „АрселорМиттал“.

    Акциите на „Нипон“, четвртиот најголем производител на челик во светот, пораснаа за дури 7,4% на 3.081 јени во Токио, но потоа избришаа дел од добивките и достигнаа пораст од 1,7% до попладневната трговија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично