ПОВЕЌЕ

    МАКЕДОНСКИ Е-КОМЕРЦ ШТО ВРОДИ СО ПЛОД: „Ананас МК“ и „Ананас Шоп“ бележат финансиски пресврт и брз раст

    Време зa читање: 4 минути

    Читајте квалитетна содржина на порталот ПАРИ – таму каде што информацијата вреди.

    Под влијание на глобалните трендови за онлајн купување и потрошувачите во Македонија почнаа сè повеќе да се насочуваат кон дигиталните платформи во потрага по уникатно корисничко искуство, голем избор и едноставен процес на плаќање.

    Отворањето на „Ананас“ во Македонија претставува најголемиот онлајн проект поддржан од Делта Холдинг, со цел да се обезбеди супериорно онлајн шопинг искуство за корисниците од целиот регион.

    Во сферата на онлајн купувањето, досега „Ананас“ се покажа како најголемиот онлајн шопинг центар во Македонија, со промет од над 400 илјади евра – со повеќе од 150.000 производи во својата понуда и повеќе од 400 активни трговци на платформата. Ананас МК е друштво за производство, трговија и услуги и се јавува и како сопственик и на „Ананас Шоп“ Дооел Скопје. Порталот Пари во соработка со БизнисМрежа ги анализира податоците на оваа комапнија.

    Извор: Бизнис Мрежа

    „Ананас МК“ иако работи со загуба од 2,7 милиони евра, сепак е релативно нова компанија и од почетокот на нивното присуство на пазарот, значително порасна. Приходот во 2023 година изнесувал 248.372 евра. Што значи дека ланската година е зголемен за околу 61% во однос на 2023 година, а тоа е добар знак, бидејќи фирмата почнува да го наоѓа своето место на пазарот.

    Сепак, според нашите сознанија, вреди да се истакне дека приходите на „Ананас“ главно потекнуваат од провизии за продадените производи преку нивната платформа, што значи дека обемот на тргување е значително поголем од остварените приходи. Според достапните информации, вкупната вредност на трансакциите преку платформата достигнала рекорд од над 5 милиони евра, што укажува на голем пазарен потенцијал и растечка активност на платформата.

    Во однос на расходите, тие растат уште побрзо – од 2,1 милион евра за 2023 година на 3,1 милион евра за 2024 година, што е околу 47,6% раст. Само по себе тоа не е лошо, ако растот на трошоците резултира во поголем иден приход. „Ананас“ е во фаза на инвестиции/развој, што е типично за нови фирми во првите две-три години години, а во оваа етапа често има повисоки трошоци за маркетинг, опрема, персонал итн.

    Извор: Бизнис Мрежа

    „Ананас МК“ се шири брзо – и тоа во човечки капитал. Бележи зголемување на бројот на вработените за 120% за две години. Во 2022 година бројот на вработените изнесувал 17, во 2023 – 38, во 2024 имало 36 вработени. Додека, пак, платите за една година пораснале 22,98%. Во 2023 година вработените, во просек, земале 808 евра, а лани просечната плата по вработен била 994 евра.

    Извор: Бизнис Мрежа

    Иако моменталната финансиска состојба покажува загуба, насоката во која се движи компанијата носи потенцијал за долгорочна стабилност и профитабилност.

    Другата фирма во сопственост на „Ананас МК“, „Ананас Шоп“ бележи импресивен финансиски пресврт во 2024 година. Приходите пораснале речиси седумкратно – од 386.277 евра во 2023 година на 2,6 милиони евра во 2024 година. Истовремено, расходите се зголемени на иста вредност, но клучната разлика е што компанијата од загуба од 17.966 евра преминала во добивка од 35.000 евра.

    Извор: Бизнис Мрежа

    Овој позитивен резултат покажува дека „Ананас Шоп“ не само што значајно го проширила својот бизнис, туку успеала и ефикасно да ги контролира трошоците.

    Kатерина Михајлова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично