ПОВЕЌЕ

    УНИ банка ќе исплаќа дивиденда од 30 мај

    Време зa читање: < 1 минутa

    Дивидендата што ќе се подели меѓу акционерите на УНИ банка е во бруто износ од 211.296.969 денари или 3,4 милиони евра. Пресметката ќе се врши по утврдените 387 денари за акција. Исплатата ќе започна на 30 мај.

    Пресек на листата на акционери кои ќе добијат дивиденда ќе се направи на 14 мај. Последниот ден на тргување со право на дивиденда е 12 мај.

    Минатата година оваа банка оствари добивка од 485.767.385 денари (7,9 милиони евра). Освен за дивиденда, средства се одвоени и за инвестирање (50 милион денари), за камата по перпетуална обврзница (12,68 милиони денари) и за останати резерви (211,78 милиони денари).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично