ПОВЕЌЕ

    180.000 ДЕНАРИ ЗА ДЕТСКА ОНКОЛОГИЈА – М КЕШ ОДБЕЛЕЖУВА 10 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ во Македонија

    Време зa читање: 3 минути

    Со почеток на оштествено одговорна иницијатива „Од срце, за срце“ М Кеш одбележува 10 години од своето постоење на македонскиот пазар. Имено, денеска менаџментот на компанијата донираше 180.000 денари на ЈЗУ Клиника за детски болести – оддел за хематологија и онкологија.

    Живееме во период кога хуманоста и солидарноста мораат да бидат основните вредности во нашето општество, а меѓусебната поддршка треба да ја симбилизираме секојдневно.

    Денеска во Скопје, компанијата М Кеш обедини повеќе од 200 луѓе: вработени, медиумски работници, соработници на М Кеш и други чинители, кои во изминативе 10 години оствариле комуникација со финансиското друштво.

    Во претстојниот период компанијата ќе се фокусира на зголемена поддршка на лицата на кои им е најпотребно во рамки на иницијативата „Од срце за срце“.

    • Ќе ги поврземе нашите ресурси, човечките капацитети и хуманоста и ќе помогнеме на различни групи на граѓани, институции, организации, се со цел да изградиме посреќна и похумана заедница. Ќе продолжиме да помагаме и да донираме од срце, изјави Силвија Александрова, маркетинг директорка (Easy Asset Management JSC).

    На денешниот настан се обратија и повеќе претставници од менаџерскиот тим на М Кеш и МФГ групацијата. Денеска М Кеш брои повеќе од 220 вработени, кои секојдневно остаруваат контакти со најразлични клиенти, а отворени се и 56 теренски канцеларии низ цела држава.

    М Кеш води и континуирана грижа за заштита на личните податоци на своите клиенти, како и да им пружи пријатно искуство и информации при аплицирање за секој заем.

    Бјанка Катру, директорката на човечки ресурси, финансии и администрација на М Кеш им се заблагодари на сите присутни на денешниот настан, на сите граѓани за доделената доверба, како и на вработените кои се моторот и силата на компанијата сите овие години.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично