„Заедно за едно“ – новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација ќе добие 25 илјади евра заедничка донација од Македонска берза, од Централниот депозитар за хартии од вредност и од Загребската берза. Средствата, како помош и поддршка ќе ги добијат семејствата на загинатите и повредените во пожарот што пред еден месец се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Како континуирани промотори на принципите на општествена и корпоративна одговорност, трите институции веруваат дека во вакви моменти заедништвото и солидарноста се од исклучително значење, поради што сакаат да дадат конкретен придонес и поттик до сите други субјекти во рамки на своите можности да се вклучат во активностите за помош и поддршка на засегнатите од трагедијата во Кочани“, се вели во информацијата споделена преку Македонска берза.