ПОВЕЌЕ

    Во нетрговски трансфер подарени 5.000 акции на „Попова Кула“

    Време зa читање: 2 минути

    Акциите на девет друштва се застапени во минатонеделните нетрговски трансфери. Забележани се вкупно 7.252 хартии од вредност, меѓу кои доминираат издадените од „Попова Кула“ АД Демир Капија.

    Акциите на винаријата имаат удел од безмалку 69 проценти. Подарени се или наследени 5.000 акции. Инаку, со овие акции не се тргува често на Берзата. Во последните 52 недели имало 16 трансакции, последната била во февруари, а цената за акција е 16 денари.

    Често ги има во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност акциите на  „Македонски Телеком“. Овојпат се работи за 838.

    Сопственоста е променета и кај 454 акции на „Макстил и 395 на „АрцелорМиттал (ХРМ)“. Исто така, во евиденцијата се и 228 обични акции на „Гранит“ и 166 на „ДС Смитх“. Минатата недела се трансферирани и 15 акции на „Окта“.

    Според податоците објавени на Македонска берза, хартиите од вредност на „Алкалоид“ во евиденцијата се среќаваат двапати. Во понеделникот бил извршен пренос на 27, а во средата на 60 обични акции.

    Во минатонеделните трансфери, единствените банкарски се акциите на Комерцијална банка. Имало три преноси: во понеделникот 54, во четвртокот 10 и во петокот 5 обични акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично