Министерството за здравство ги објави телефонските броеви на кои можат да се добијат информации за состојбата на хоспитализираните лица, повредени во пожарот што ноќеска се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во болниците во неколку градови се примени повеќе од 150 лица, а 18 се во критична состојба. Животите ги загубија 51 лице.
Градска општа болница (ГОБ) „8 Септември“: 071/226764
Клинички центар „Мајка Тереза“: 070/387115
Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“: 075/203026
Според информациите од Министерството, хоспитализирани се 152 пациенти:
- Детска хирургија – 4
- Клиника за пластична хирургија – 11
- Клиничка болница Штип – 45
- Општа болница Кочани – 30
- Св. Наум Охридски – 29
- 8 Септември – 17
- КАРИЛ – 16
Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба:
- Детска хирургија – 3
- КАРИЛ – 7
- Градска општа болница – 5
- Стара Градска – 3
Низ социјалните мрежи се шират повици од семејствата кои се уште немаат никаква информација за нивните деца. Добар дел од присутните на концертот во дискотеката немале лични карти.
„Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените“, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.