ПОВЕЌЕ

    Профитот на УНИ банка за 2024 година – 7,9 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Повисоки приходи за 8,6 проценти и зголемена добивка за 2,6 насто се резултатите на УНИ банка остварени од минатогодишното редовно работење. Со подобрена понуда и со нови продукти наменети за клиентите. Одржана е и зачувана ликвидната и солвентната позиција, задржани се континуитетот и квалитетот на услугите, наведуваат од Банката.

    Позитивното финансиско остварување за 2024 е во износ од 485.767 илјади денари или во евра – 7,9 милиони евра.

    Активностите и обезбедиле на Банката вкупни приходи од 2.354.700 илјади денари или 38,3 милиони евра. Вообичаено, најзначаен е уделот од пресметаните и наплатени камати, кои приходуваат со нето-износ од 1.205.470 илјади денари (19,6 милиони евра). И, зафаќаат 65 отсто во структурата на приливите. Споредено со 2023 година, забележано е зголемување од 7,3 насто. „Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на Банката кон кредитирање на секторот население“, посочуваат од УНИ банка.

    Пад од 4,84 проценти има кај приходите остварени од провизиите и надоместоците за дадените услуги. На крајот од 2024 износот е  281.665 илјади денари (4,6 милиони евра).

    На расходната страна зголемувањето е за 10,5 насто, а станува збор за сума од 1.868.900 илјади денари (30,4 милиони евра). Тоа, според Банката, произлегува од повисоките трошоци за камати, но и од зголемувањето на административните расходи.

    Вкупната кредитна поддршка што ја има дадено оваа банка е во износ од 18.950.760 илјади денари или над 308 милиони евра. А, располага со депозитна база од 23.457.541 илјада денари, односно 381,4 милиони евра.

    Активата на УНИ банка е 28.062.768 илјади денари, што е противвредност на 456,3 милиони евра. „Во претстојниот период Банката очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на  активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио, кој би бил поддржан со зголемен раст на депозитната база…“, наведуваат од УНИ банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично