„Во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Сашо Клековски зборува за важноста на тимовите за брза помош во подобрувањето на пристапот до здравствени услуги, особено во руралните подрачја. Затоа, Клековски најави повисоки плати за вработените во овој сектор.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Следете нè за повеќе интересни дискусии!
„Брзата помош ќе има важна улога во регионализацијата. Бидејќи клучно ќе биде пациентот до колку ќе може да се транспортира, соодветно да се транспортира до местото каде што може да му биде дадена помош. Во моментов секаде кубуриме со тимови за брза помош, низ сите градови, бидејќи како и за матичните доктори, брезата помош не нуди можност да одите некаде напред. Професионално останувате на исто. Затоа сметавме дека треба да медицинскиот персонал се поддржи. И ова е минимално зголемување само за тие што јасно се поврзани со итната помош.“