ПОВЕЌЕ

    Димитриеска-Кочоска на средба со заменик-претседателот на Фондот за меѓународен развој на ОПЕК – Отворени можности за унапредување на соработката и поддршка на развојни проекти

    Време зa читање: 2 минути

    Унапредување и зајакнување на соработката со ОПЕК преку Фондот за меѓународен развој и поддршка на проекти во земјава беа во фокусот на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со заменик-претседателот на Фондот Шаима Ал-Шеиби, којашто се одржа во седиштето на ОПЕК во Виена, а каде што министерката учествува на Форумот на „Инвисо”.

    На средбата министерката за финансии ги посочи напорите што ги вложува Владата во реализација на инвестиции, како во јавниот така и во приватниот сектор со цел забрзување на економската активност и постигнување повисоки стапки на економски раст. Таа се осврна на проектите на коишто се работи, како и на проектите за кои може да се развие соработка. Пред сѐ, станува збор за инвестиции во инфраструктурни проекти, како и за проекти во областа на енергетиката, здравството и сл.

    Притоа, и двете страни ги истакнаа заложбите за продолжување и зајакнување на соработката во наредниот период и можноста преку ова партнерство да се обезбдат средства за финансирање развојни проекти.

    Фондот за меѓународен развој на ОПЕК е мултилатерална развојна финансиска институција која финансира проекти со цел стимулирање на економскиот раст и социјалниот напредок на земјите во развој. Досега Фондот на ОПЕК има инвестирано повеќе од 27 милијарди американски долари за развојни проекти во над 15 земји.

    Да си немаш работа со администрација…  

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично