По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во организација на Македонската банкарска асоцијација им беа доделени признанија на најдобрите банкарски службеници за 2024. Капитал банка за 2024 година ја одбра Мируше Адеми Мема од експозитура Тетово за најдобар банкарски службеник.
–По повод одбележувањето на светскиот ден на штедењето, честитаме на Адеми Мема за достигнувањето и веруваме дека оваа признание професионално ќе влијае како поттик за понатамошни остварувања и успеси. Продолжуваме да бидеме тим кој создава успешни банкарски професионалци кои ќе ја претставуваат банката во најдобро светло и тука нема да застанеме – велат од Капитал Банка за порталот Пари.
Оттаму додаваат дека банката со ваков тим од професионалци ќе гради светла иднина и во наредниот период затоа што добриот тим е темелот кон подобри успеси и освојување на пазарот.
–Наградата за најдобар банкарски службеник за 2024 година ми претставува огромна чест и задоволство пред се да бидам дел од тимот на Капитал банка, а воедно предизвик и мотив кон понатамошни успеси. Патот по кој што стигнав до оваа награда не беше лесен секако низ годините кои ги поминувам во банката претстојуваа најразлични моменти, бидејќи како што знаете работата со клиенти и не е така едноставна сретнувајќи се со најразлични карактери и особини на луѓе. Сепак сум среќна што менаџментот на банката ги виде тие работни способности во мене и одлучи да ме одбере за добивање на оваа награда – ни изјави Адеми Мема.