Дали „Европскиот фронт“ на ДУИ се распаѓа или се уште се единствени како пред изборите?
Дали е политички некоректно од носители на власт да бараат од опозициската ДУИ да расчисти со наводните криминалци во нејзините редови?
Но, политиката ќе биде само дел од поткастот „Каде се парите“ со мене, Горан Теменугов. Економијата ќе биде централна, а во фокусот ќе ни биде гасификацијата.
Во јавноста, се дигна врева кој е заслужен за придобивките од учеството во гасниот терминал во Алексанруполис.
Што е политичка фалба околу ова, што е реалност?
Одговорите на дилемите ќе ни ги даде Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ и поранешен директор на НОМАГАС.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.