ПОВЕЌЕ

    ЗА ТРГОВЦИТЕ ГЛОБА ОД 20.000 ЕВРА – Први казни од ДПИ за игнорирањето на мерката за ограничена маржа

    Време зa читање: 2 минути

    Паданаа првите речиси 20 илјади евра казна за трговците кои не ја почитуваат владината мерка за ограничена профирна маржа. На третиот ден од нејзината практична примена, Државниот пазарен инспекторат издал осум прекршочни платни налози во износ од над 1.196.000 денари.

    Инспекторите направиле повеќе од 60 контроли низ државата. На денешниот список за проверка се и бурекџилниците, помалите маркети и други трговци на мало. Работата ја вршат стотина инспектори распоредени во тимови.

    Инспекторите излегоа на терен откако стапи во сила мерката за маржа лимитирана до десет проценти, со која треба да се намалат цените на 73 основни прехранбени производи, а потрошувачите реагираа дека промените не се видливи. Цените се минимално коригирани. Од еден денар лебот до дваесеттина денари одделни видови месо и кашкавал. Освен тоа, не секаде се забележуваат ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

    Од ДПИ уште на стартот најавија дека нема да има толеранција за оние кои нема да ја почитуваат мерката, затоа што трговците имале доволно време да ги прилагодат цените. Казните за тоа се превидени во распон од две до десет илјади евра. Во најлош случај, може да се заработи катанец, односно да дојде до затворање на објектот, како што предвидува Законот за потрошувачи.

    „Напоменувам дека толеранција нема да има. Пазарниот инспекторат постапува по Законот за трговија, каде казните се високи и изнесуваат од 2.000 до 10.000 евра, а онаму каде што ќе се применуваат нечесни трговски практики ќе се постапува по Законот за заштита на потрошувачите каде ќе има можност и за затворање на објекти“, изјави вчера директорот на Инспекторатот, Горан Трајковски.

    Трговците треба да се раководат согласно оваа владина мерка до крајот на октомври, кога ќе истече рокот на есенската кошница, во чиј состав се најосновните намирници, како леб, пекарски производи, брашно, тестенини, млеко и млечни производи, видови месо и сувомесни производи, сезонско овошје и зеленчук…

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично