„Макошпед“ АД Скопје за периодот јануари – јуни 2024 година оствари добивка од 4.07 милиони денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и е намалена за околу 37,5% во однос на истиот период лани, чија што добивка изнесувала 6,5 милиони денари. А оствари добивка во износ од 2,9 милиони денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, и е намалена во однос на 2023 година, чија што изнесувала 6,5 милиони денари.
„Макошпед“ е првата и најстара шпедитерска компанија во земјава . Основна дејност на компанијата е меѓународна шпедиција и транспорт и јавни и цариснки складишта.
Остварените вкупни приходи на компанијата за првата половина од годината изнесуваат 16,4 милиони денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2023 година бележат намалување.
Оперативните приходи изнесуваат 12,5 милиони и бележат значително намалување во однос на оперативните приходи за истиот период од 2023 година.
Финансиските приходи изнесуваат 3,9 милиони денари и истите бележат намалување во однос на финансиските приходи во истиот период во 2023 година.
Вкупните расходи за период јануари – јуни 2024 година во износ од 12,4 милиони денари бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период лани.
И оперативните расходи во периодот јануари – јуни 2024 година изнесуваат околу 12,4 милиони денари и тие бележат намалување во однос на минатата година.
Финансиските расходи изнесуваат еден милион денари и бележат намалување во однос на финансиските расходи за истиот период 2023 година.
Остварените консолидирани вкупни приходи за период јануари – јуни 2024 година изнесуваат 20,1 милиони денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2023 година бележат намалување.
Консолидираните оперативни приходи за период јануари – јуни 2024 година изнесуваат 16,2 милиони денари и бележат намалување во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период 2023 година,
Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 3,9 милиони денари и бележат намалување во споредба со остварените финансиски приходи за истиот период 2023 година.
Консолидираните вкупни расходи првава половина од годината се во износ од 17,2 милиони денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи од лани.
Консолидираните оперативни расходи првите два квартала изнесуваат 17,2 милиони денари и бележат намалување во однос на истиот период 2023 година.
Консолидираните финансиски расходи изнесуваат еден милион денари и бележат намалување во однос на финансиските расходи за истиот период минатата година.