Пред стартот на летната сезона, хрватската туристичка атракција, градот Дубровник објави нови цени за паркирање. Од први мај дневниот билет за паркирање е 100 евра, а за еден час во близина на стариот центар на градот, посетителите ќе треба да платат 10 евра.
Во екот на сезоната дневниот билет е најавено дека ќе биде 199,10 евра наспроти претходните 106,20 евра. Во втората зона дневниот билет е 132,70 евра, а во третата 17,30 евра.
Цените ги објави Дубровник Санитат, а тие варираат во зависност од зоната и месецот во кој го посетувате овој град.
Во нултата зона, за еден час паркирање во сезоната (од мај до септември), гостите мора да платат 10 евра. Во првата и третата зона е 1,30 евра, наместо досегашните 0,70 евра. Во втората зона еден час чини 6,60 евра.
Повеќечасовниот билет на Пила (нулта зона) од досегашните 106,18 евра, од 1 мај чини 199,08 евра. Повеќечасовен билет во првата зона е 17,25 евра, а во втората 132,70 евра. Пред еден месец беше 53,09 евра.
Дневните билети потврдуваат дека посетителите на Дубровник ќе мора длабоко да посегнат во џебовите доколку сакаат да паркираат во непосредна близина на влезот во стариот дел на градот.