За пакет акции на домашната фармацевтска компанија „Реплек“ познат инвеститор платил 93,2 илјади евра. Со тоа купувачот во своја сопственост стекнува 0,21 процент од основната главнина. За блок-трансакцијата реализирана на официјалниот пазар – берзанска котација известува Македонска берза.
Станува збор за трансакција вредна 5.747.500 денари, пресметана по цена од 104.500 денари за акција. Пакетот се состои од 55 обични акции, чија номинална вредност е 562,42 евра.
Акцијата на „Реплек“ бележи постојан раст. Според податоците од последната дневна берзанска листа со датум од 22 април, акцијата е со просечна цена од 109.400 денари.
Освен тоа, зголемена е и вредноста врз која се пресметува дивидендата за акционерите – од 1.800 за 2022, на 2.700 денари по акција за 2023 година.