ПОВЕЌЕ

    Во блок трансакција вредна 264 илјади евра купени 243 акции на „Макпетрол“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акции издадени од „Макпетрол“, 243 на број, се продадени во блок трансакција за повеќе од 264 илјади евра. Тоа претставува 0,22 отсто од основната главнина на компанијата. Информацијата ја објави Македонска берза.

    Се работи за обични акции со номинална вредност од 511,29 евра. Блок трансакцијата е реализирана по цена за акција од 67 илјади денари. Вкупната вредност на трансакцијата е во износ од 16.281.000 денари.

    Ова е петта блок трансакција со акциите на „Макпетрол“ од почетокот на годинава. Преходно, на 11 месецов познат купувач платил 2.178.330 денари или над 35,3 илјади евра за 33 акции по единечна цена од 66.010 денари.

    На 31 јануари, пак, минале два блока со 200 и со 40 акции, по цена од 65.000 илјади денари, со што едната е во износ од 13.000.000 (над 211 илјади евра), а втората 2.600.000 денари (42,2 илјади евра). Идентична блок трансакција со 40 акции имало и на првиот ден од февруари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично