ПОВЕЌЕ

    ОТШТЕТА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ во општествените претпријатија и помош за стечајците – се бара референдумско изјаснување

    Време зa читање: 2 минути

    Граѓаните се активираат во барањето на своите права. Во Собранието пристигнаа иницијативи за собирање 150 илјади потписи, квота која треба да се исполни за потоа да има основа за распишување референдум.

    „Дали сте за или против донесување на закон за обештетување со кој се овозможува исплата на неисплатени плати за сите кои биле во работен однос во претпријатие кое пред донесување на Законот за приватизација било во општествена сопственост, а исплатата ќе се изврши во рок од две години од посебен државен фонд формиран за таа намена”.

    Ова прашање би било ставено на референдумско изјаснување доколку во Собранието биде одобрена граѓанската иницијатива за собирање 150 илјади потписи.

    Истата постапка важи и за иницијативата која ги опфаќа стечајците и актуелниот Закон што ја регулира таа материја. Во овој дел граѓаните би требало да се изјаснат по прашањето:

    „Дали ста за или против за донесување на закон за промена на Закон за стечајци со кој се овозможува материјална помош во висина од 40% од просечната плата за сите невработени на кои им престанал работен однос врз основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок, а имаат најмалку 5 години работен однос во претпријатие кое пред донесување на Законот за приватизација било во општествена сопственост. Остварување на ова право го има секое лице со навршени 54 години (маж), и 52 години (жена)”.

    Во образложението дадено од предлагачите за иницијативата за платите се вели:

    „Поаѓајќи од фактот дека во Република Северна Македонија во периодот на транзиција многу општествени претпријатија беа уништени поради лошата приватизација, а и поради моралната обврска на државата кон овие луѓе кои без своја кривица не ги добија парите за својот труд, сметаме дека е неопходно да се донесе таков закон. Ние долу потпишаните ја поднесуваме оваа иницијатива за собирање на 150.000 потписи од граѓаните, која ќе овозможи да биде распишан Референдум, на кој граѓаните на Р.С. Македонија ќе можат да се изјаснат со ЗА или ПРОТИВ на референдумското прашање“.

    На транзицијата и приватизацијата предлагачите се повикуваат и во образложението на иницијативата за стечајните работници, кои ја загубиле работата без своја вина.

    Иницијаторите на иницијативите се од Велес. Потпишани се сто ќители од тој град, а овластен подносител е Горан Зафировски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично