Дали размислувате за раст и развој на вашиот бизнис преку нови инвестиции и зелена транзиција? Сега е вистинско време да го унапредите бизнисот затоа што пазарот го бара тоа, а решението го нуди Комерцијална банка со новата кредитна линија за мали, средни и средно капитализирани компании.
Ние ви нудиме финансиска поддршка на среден или на долг рок за вашите инвестиции во основни и во трајни обртни средства и во зелена транзиција. Искористете ја можноста и поттикнете го развојот на вашата компанија со кредити со атрактивни услови:
- Износ на кредит до 6.000.000 евра,
- Каматна стапка 3,5 %,
- Рок на отплата до 12 години,
- Можност за грејс период до 2 години.
Средствата се обезбедени од кредитната линија од Европската инвестициона банка, реализирана преку Развојната банка на Северна Македонија.
На секој бизнис му треба поддршка, а ние сме тука да ви помогнеме да ја изберете вистинската.
Повеќе информации се достапни на следниот линк.