ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка ја зголеми добивката за 89 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка, која на пазарот се позиционира како партнер на малите и средни претпријатија, а има и солидна понуда за граѓаните, во деветте месеци од годинава оствари позитивен финансиски резултат од 86,2 милиони денари или 1,4 милиони евра. Споредено со истиот период од претходната година, добивката е повисок за дури 89,1 насто, односно за 40,6 милиони денари (660,6 илјади евра).

    Значителното движење по нагорна линија се заснова на зголемувањето на нетооперативната ефикасност од работењето, посочуваат од Банката.

    Основата на банкарските приливи – каматите, на ТТК и обезбедиле нето-приходи од 225,9 милиони денари, односно близу 3,7 милиони евра. Со тоа планот е остварен со 104 проценти. Во споредба, пак, со истиот лански период, има зголемување од скоро 710 илјади евра (43,6 милиони денари), што претставува раст за 23,9 насто.

    Провизиите и надоместоците на Банката и донеле 2,1 милион евра (132,1 милион денари), а најголемиот дел од нив се од наплатените провзиии од домашниот платен промет и од работењето со картички. Планот во овој сегмент има реализација од 96 отсто.

    Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 11,3 милиони денари/183,8 илјади евра и бележат годишен раст од 8,9 насто како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар.

    Останатите приходи од работењето изнесуваат 41,7 милиони денари/678,5 илјади евра и зголемени се за 16,5 проценти.

    Од друга страна, вкупните оперативни трошоци се во износ од 4,5 милиони евра (276,5 милиони денари) и се за 1,5 насто повисоки во однос на споредбениот период, затоа што ТТК ги зголемила платите на своите вработени.

    Како што посочуваат од Банката, овој раст на приходите е искористен за јакнење на капацитетот за справување со евентуални идни кредитни загуби.

    Банката го финализираше процесот на зголемување на основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда и ја зголеми основната главнина за речиси 939 илјади евра (57.698.000 денари). По ова, вкупниот капитал на ТТК Банка е во износ од 15,7 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично