Заштитете ги вашите платежни картички од можна злоупотреба и не кликајте на линк добиен преку СМС или e-mail порака за наводна „погрешна адреса“ или „вратена пратка“.
Комерцијална банка, за која вашата сигурност е на прво место, ве предупредува дека е забележана измамничка кампања, зад која стои лажна веб-страница и од која масовно се испраќаат СМС и e-mail пораки со цел злоупотреба на финансиски податоци.
Со цел да се заштитите од злоупотреба, не кликајте на линкот во пораката и воопшто не споделувајте податоци од картичката на сомнителни страни. Особено бидете внимателни кога добивате СМС порака со еднократен верификациски код.
Ние ви обезбедуваме сигурни плаќања со безбедносниот процес 3DES, што го имаат сите Mastercard и Visa картички на Комерцијална банка.
Како да извршите безбедно онлајн купување?
- Проверете дали називот на трговецот и износот во СМС пораката се совпаѓаат со називот содржан во адресата на страната каде се врши плаќањето (URL),
- Ако податоците се идентични, внесете го кодот во прозорецот што се отвора на интернет-страницата и го содржи истото име на трговец како она во СМС пораката,
- Кликнете Испрати и почекајте потврда за (не)успешно реализирана трансакција.
- Доколку се сомневате во можна злоупотреба на вашата картичка, веднаш треба да ја блокирате преку м-Банка, Интернет банка или со јавување на телефонскиот број (+389 2) 3247-474, кој е достапен 24/7.
Повеќе совети за безбедно користење на картичките дознајте на следниот линк: https://kb.mk/soveti-karticki.nspx