Во организација на Скопски саем, од седми до девети јуни ќе се одржи тридневниот саем, којшто годинава за првпат ќе се реализира во Комплексот – Борис Трајковски, на отворено. Како дел од неколкудневната програма ќе бидат и многубројни промоции на врвни брендови во индустријата. Работното време на Саемот за транспорт 2023 од 10:00 до 18:00 часот.
Присуството го потврдиле повеќе од 30 учесници, меѓу кои и познати бренд-имиња на импортери на товарни возила – Schmitz – Cargobull, Volvo, Mercedes Benz, Iveco, Isuzu, Ssang Yong, Piaggio Commercial, Krone, Carrier, Thermo king. Исто како и други компании со комерцијални возила, автобуси, градежна механизација, транспортни и логистички компании, пратечка индустрија и услуги.
Програмата за трите саемски денови предвидува и промоции на врвни брендови од индустријата.
Манифестацијата е дел од серијата „Саеми во пролет“ во организација на Скопски Саем.
За сите нови информации за овој претстоен Саем за транспорт, на веб страната на Скопски Саем на www.skopskisaem.mk како и на @skopski.saem на Instagram и Скопски саем – Skopski saem на Facebook.