ПОВЕЌЕ

    „Фершпед“ со загуба во првото тримесечје

    Време зa читање: 2 минути

    Работењето во првите три месеци од годинава на Група Фершпед АД Скопје и донесе оперативна загуба во износ од 74,2 илјади евра или 4.570 илјади денари.

    Во тој период се реализирани вкупни приходи од 1.048.249 илјади денари или нешто повеќе од 17 милиони евра. Во споредба со остварените вкупни приходи во 2022 година бележат пад од шест проценти. Оперативните приходи се 17 милиони евра (1.047.292 илјади денари). Позитива е регистрирана на финансиските приходи.

    Вкупните расходи на Група Фершпед изнесуваат 17,08 милиони евра (1.052.156 илјади денари) и во однос на споредбениот период се пониски за шест отсто. Исто така и финансиските расходи бележат намалување.

    Друштвото за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта постои повеќе од половина века, а од 1995 е во приватна сопственост. Своевремено важеше за најголемата македонска шпедиција. На домашен терен во тој домен покриваше повеќе од 30 отсто, а во толкав процент, на годишно ниво, беа и стоките опфатени во рамки на економската размена.

    Инаку, освен шпедицијата, дејности на „Фершпед“ се и меѓународна трговија, брокерство, банкарство, хотелиерство, винарство, игри на среќа…

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично