ПОВЕЌЕ

    „Жито Лукс“ ќе ја покрива загубата со добивката од идните години

    Време зa читање: < 1 минутa

    Загуба во нето износ од 8.222.191 денар, односно 133,4 илјади евра прокнижил скопски „Жито Лукс“ од работењето во текот на 2022 година. Минусот ќе се санира со добивката од идните години, се наведува во предлог одлуката, која е на дневен ред за Годишното собрание на акционерите, закажано за 31 мај.

    Компанијата, која е меѓу најголемите производители на леб и печива лани, е единствената која во тоа друштво е во минус. Лани остварила вкупни приходи од 20,46 милиони евра (1.261.371.699 денари). Расходите биле во вкупен износ од 20,58 милиони евра (1.268.669.213 денари).

    Активата односно пасивата на „Жито Лукс“ е 17,39 милиони евра (1.071.747.073 денари).

    Сепак, прикажаните резултати се подобри во спредба со 2021 година. Тоа се однесува и за загубата, која тогаш изнесувала 286,4 илјади евра (17.645.132 денари).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично