ПОВЕЌЕ

    „Тиквеш“ со 33 насто поголема продажба и чиста добивка од 3,1 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

     

    Винарската визба „Тиквеш“ годината ја заврши со добивка од редовното работење, која пред оданочување е во износ од 3,5 милиони евра или 221 милион денари, а по одбивањето на данокот – 3,1 милион евра, односно 192,7 милиони денари.

    Македонската винарија за 33 насто ги зголемила приходите од продажбата, кои лани достигнаа вредност од  45,1 милион евра (2.784 милиони денари). Речиси половина од нив, поточно 49 проценти се од странските пазари, а 16 отсто се реализирани на домашниот терен.

    Раст има и кај административните, но и кај трошоците за продажба и маркетинг, од 42 насто. Притоа, остварената оперативна добивка е 3,9 милиони евра (242,5 милиони денари). Во однос на претходната 2021 година, забележано е зголемување за 38 проценти.

    Финансиските расходи се во износ од 345,5 илјади евра (21,3 милиони денари).

    Акционерите лани не поделиле дивиденда од работењето во во 2021 година. Но, не изостанале вложувањата, кои минатата година биле во износ од 2,5 милиони евра (158 милиони денари).

    Неодамна „Тиквеш“ доби признание за компанија со најголем раст на извозот во регионот, за минатата година, од страна на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан. Во текот на минатата година кај извозот е постигнат раст од 64 насто.

    Инаку, според податоците, „Тиквеш“ прави годишен обрт од 43,7 милиони евра, продава 15,3 милиони литри во шишиња во текот на една година, има 1.300 хектари сопствени лозови насади и контролирани 5.000 хектари, а вкупните инвестиции изнесуваат 42 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично