ПОВЕЌЕ

    Плановите на Стопанска банка: Раст на кредитите и целосна поддршка на клиентите

    Време зa читање: 2 минути

    Успехот во работењето постигнат со вложени напори, со примена на добри стратегии и практики, со осмислено и организирано раководење од менаџментот, претставува голема обврска. И мотив за остварување на се повисоки цели.

    Во таа насока се и стремежите на Стопанска банка АД Скопје: одржување висока стабилност и сигурност, разумно управување со ризиците, целосна поддршка на клиентите и натамошен раст на бизнис активностите. Уште повеќе, го има статусот на системски значајна банка, која претставува значителна алка во финансискиот систем на државата, поради што од неа се очекува одговорен пристап кон своите клиенти и воопшто кон заедницата.

    Во тој контекст и најавите за плановите на чија реализација ќе се фокусираат годинава. За Стопанска банка од огромно значење е да се стимулира кредитниот раст, бидејќи тоа е примарна банкарска активност. Исто така и одржувањето на лидерското пазарно учество.

    Од Банката посочуваат дека и во иднина ќе се инвестира во дигитализацијата на услугите, со што клиентите ќе добиваат поддршка согласно потребите и најновите трендови во таа област.

    Во агендата на Стопанска банка и за годинава се предвидени активности, со кои се манифестира општествената одговорност. Па, како и досега, велат, ќе помагаат со донации за разни намени. Притоа, нагласуваат од менаџментот, нема да изостане и грижата за вработените, кои имаат огромен удел во успешното работење на Стопанска банка АД Скопје.

    Инаку, минатата година Банката ја заврши со депозити од 1,5 милијарди евра и со нето приходи од 68,2 милиони евра прокнижени во доменот на каматите.

    Стопанска банка АД Скопје во 2022: Депозитите – 1,5, активата – 1,9 милијарди евра

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично