ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД Скопје во 2022: Депозитите – 1,5, активата – 1,9 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Добивката пред оданочување и исправка на вредност е 62,5 милиони евра, а од каматите произлегол нето приход од 68,2 милиони евра

    Стопанска банка АД Скопје прокнижи уште една успешна деловна година. Неповолните влијанија не го прекинаа континуитет во постигнување позитивни финансиски резултати.

    Остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 62,5 милиони евра, што е десетпроцентно зголемување споредено со 2021 година. Додека, пак, добивката пред оданочување е 42,4 милиони евра, при што е забележан минимален пад од четири отсто.

    Во остварувањата, голем е уделот на каматите, од каде произлегол нето приход од 68,2 милиони евра. Зголемувањето во однос на претходната 2021 е девет проценти. А, се должи на интензивните кредитни активности и на зголеменото кредитно портфолио.

    За осум проценти се поголеми нето-приходите од провизии и надоместоци, кои во 2022 се на ниво од 14,5 милиони евра. Тоа придвижување се темели на зголемениот обем на активности, најмногу во делот на платните услуги и работењето со картички.

    Што се однесува до курсните разлики, тука е регистриран пораст од 43 насто. Нето добивката од 2,5 милион евра е резултат на зголеменото тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар.

    Кај кредитите и побарувања од комитентите растот е 10 насто, со износ од речиси 1,4 милијарди евра.

    Кредитите и побарувањата од банки изнесуваат 4,8 милион евра, што во споредба со крајот на 2021 претставува раст од седум насто.

    Останатите побарувања и донеле на Банката 1,9 милиони евра, односно забележано е нафрлање од 22 проценти. Кога станува збор, пак, за депозитите, растот е петпроцентен. Со зголемување од 76,6 милиони евра, на крајот од минатата година достигнале 1,5 милијарди евра.

    Раст од 28 проценти е регистриран кај останатите приходи од дејноста, кои изнесуваат 9,6 милиони евра.

    Стопанска банка успешно се справила и со факторите кои влијаат врз трошоците од работењето, и успеала да ги ограничи: расходите за вработените се 15,5 милиони евра, а оперативните трошоци изнесуваат 14,4 милиони евра.

    Како што нагласуваат од Банката, успешното работење е остварено во услови на раст на активата за осум проценти, и на крајот од годината изнесувала 1,9 милијарди евра.

    Потврда за успешна работа е наградата од Euromoney Awards for Excellence, за најдобра банка во државата за 2022 година.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично