Лука Флере е новиот неизвршен и независен член на Одборот на директори. на Генерали Инвестментс АД Скопје, на местото на досегашниот член, Иван Пајек, се вели во информацијата која компанијата ја има доставено до Македонската Берза. Во однос на обврската за известување од член 166-б од Законот за хартии од вредност која се однесува на промени во органите на управување и раководење, Ве известуваме дека е извршена промена на неизвршен и независен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје, стои во документот.
Согласно решението издадено од Централниот регистар извршена е промена со која е избришан следниов податок: ” Иван Пајек – неизвршен и независен член на Одбор на директори”, а е запишан следниов податок: ” Лука Флере – неизвршен и независен член на Одборот на директори”, информираат од Генерали Инвестментс.