Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 11 467 илјади во второто тримесечје од 2022 година и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 20.4 %.
Според видот на превозот, најголем е пораст на бројот на превезените патници во меѓународниот превоз, од дури 62.6 %, во однос на истиот период лани. Во меѓуградскиот превоз порастот на бројот на патници изнесува 58.7 %, додека градскиот превоз е зголемен за 10.8 %, а приградскиот превоз за 29.4 %,
Во второто тримесечје од 2022 година, во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 41.0 %.
Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 14.9 %, во приградскиот превоз за 30.9 %, во меѓуградскиот превоз за 52.0 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 43.9 %.