ПОВЕЌЕ

    ТОП ПЕТ АКЦИИ СО НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ И ПАД НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА во јули месец

    Време зa читање: 3 минути

    Со пораст од 83,68 проценти, акцијата на македонскиот шпедитер, компанијата „Макошпед“ имала најголем пораст во текот на јули на тргувањето на Македонската берза. На 30.06.2022 година една акција на „Макошпед“ се продавала за 190 денари, на крајот на 31.07.2022 годинава нејзината цена достигнала 349 денари за акција.

    На второ место со пораст од 10,13 отсто се најде приоритетната акција на Стопанска банка Скопје, чива цена акција на 30.06.2022 година била 602 денари, еден месец подоцна, на 31.07.2022 година достигнала пазарна цена на берзата од 663 денари.

    Трета акција со најголем пораст е акцијата на „Макстил“, при што цената е зголемена за 7,54 отсто. На 30.06.2022 година една акција на „Макстил“ се продавала за 190 денари, на крајот на 31.07.2022 година нејзината цена достигнала 349 денари за акција.

    Во топ пет акции со најголем пораст, се повторно акциите на Стопанска банка Скопје но тоа место припадна за обичните акции, каде зголемувањето изнесува 5,29 проценти, или, на 30.06.2022 година една обична акција на „Стопанска банка Скопје“ се продавала за 1.369,55 денари, на крајот на 31.07.2022 година нејзината цена достигнала 1.442,00 денари за акција.

    На петото место од топ пет акции со најголем пораст се најде акцијата на најголемата македонска банка, Комерцијална банка. Просечната цена што ја достигнала акцијата на оваа банка, на 30.06.2022 е 11.652,18 додека цената на оваа акција на 31.07.2022 пораснала за 4,66 отсто и достигнала цена од 11.948,61 денари. Како дополнителна информација, акцијата на Комерцијална банка седми месец по ред е најтргувана на македонскиот пазар на капитал, тоа го покажува и месечниот билтен на Берзата. Во јули месец биле истргувани 7.155 акции на таа банка, каде бил направен промет од 85.492.272 денари или 1.389.067 евра, а нејзиното учество во вкупниот берзански промет било 46,65 отсто.

    АКЦИИ СО НАЈГОЛЕМ ПАД ВО ЈУЛИ МЕСЕЦ НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА

    Акцијата на Цементарница УСЈЕ Скопје на 30.06.2022 години достигна цена од  35.000,00 денари по акција, додека на 31.07.2022 година, нејзината вредност се намали за 17,14 отсто и изнесуваше 29.000,00 денари по акција.

    Акцијата на РЖ Техничка контрола Скопје забележа пад од 13,44 отсто. Нејзината цена на 30.06.2022 изнесуваше 521,00 денар, додека на 31.07.2022 год. 451,00 денар по акција.

    Акцијата на УНИ Банка Скопје на 30.06.2022 година достигна цена од 3.100,00 денари по акција, додека еден месец подоцна, и на крајот на јули месец, таа изнесуваше 2.800,00 денари по акција, или регистриран е пад од 9,68 отсто.

    Акцијата на Стопанска банка Битола на крајот на месец јули, регистрираше пад од 9,31 отсто, и нејзината цена изнесуваше 2.720,00 денари.

    На петата позиција на рангирањето, пет акции со најголем пад во јули месец, се запиша Либерти АД Скопје. Цената на акцијата на 30.06.2022 година изнесуваше 60,00 денари, додека на 31.07.2022 година, оваа акција забележа пад за 8,33 проценти и нејзината цена изнесуваше 55,00 денари.

    Што друго може да се види од берзанскиот билтен на следниот линк

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично