ПОВЕЌЕ

    Винарска Визба Попова Кула првата половина од 2022 година ја заврши со позитивен финансиски резултат

    Време зa читање: 2 минути

    Друштво за производство и промет Винарска Визба Попова Кула АД Демир Капија првата половина од 2022 година ја заврши со позитивен финансиски резултат во износ од 2.085 илјади денари. Друштвото споредено со минатата година овој период има подобрување во своето работење, кое во најголем дел се должи на неколу реализирани извози на вино.

    • Споредено со последните ревидирани годишни финански извештаи Друштвото нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките.
    • Во периодот од 01/01/2022 до 30/06/2022 година Друштвото има остварено вкупни оперативни приходи во износ од 14.746 илјади денари. Споредено со истиот период лани овие приходи се зголемени за 4.339 илјади денари. Ова зголемување во најголем дел се должи на зголемениот извоз на вино, како и зголемените продажби на домашниот пазар кој споредбено сo 2021 година полека се опоравува од влијанијата на ковид кризата.
    • Оперативните расходи се зголемени за 1.975 илјади денари. Зголемувањето е рeзултат на зголемениот обем на работа.
    • Во однос на финансиските приходи и расходи да напоменеме дека Друштвото има долгорочен кредит во Шпаркасе Банка АД Скопје со датумот за доспевање на рата 28/07/2022 година.
    • ВВ Попова Кула АД нема исплатено дивиденди.
    • ВВ Попова Кула АД нема вложувања или продажба на материјални средства или нивни значителен отпис во првите шест месеци од 2022 година.
    • ВВ Попова Кула АД нема промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи).
    • Во претстојниот период ВВ Попова Кула АД се надева дека нема да има влошување на состојбата со ковид кризата, како кај нас така и во странство. Ова директно влијае на побарувачката на нашите производи и услуги. Рестрикциите доколку би биле воведени, исто така негативно влијаат на нашата работа. Oсвен ковид кризата и воената состојба во Европа има негативни влијанија врз нашето работење. Иднината, за жал, се уште е неизвесна. Са надеваме на подобри услови за работа, но не можеме да избегаме од тажната реалност.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично