ПОВЕЌЕ

    Раст на добивката на Макошпед во прв квартал. Колку заработи шпедитерската компанија?

    Време зa читање: 2 минути

    Макошпед АД Скопје за периодот Jануари – Март 2022 година оствари добивка од 3.327 илјади денари  искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 3.475 илјади денари  искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, која е за 13% повисока во однос на истиот период мината година.

    Остварените вкупни приходи за период Јануари – Март 2022 година изнесуваат 21.670 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2021 година  бележат зголемување од 3%.

    Оперативните приходи изнесуваат 21.661 илјади денари и бележат зголемување од 3% во однос на оперативните приходи за истиот период 2021 година.

    Финансиските приходи изнесуваат 9 илјади денари додека во 2021 година друштвото нема остварено финансиски приходи.

    Вкупните расходи за период Јануари – Март 2022 година во износ од 18.343 илјади  денари бележат зголемување од 3% во однос на вкупните расходи  за истиот период 2021 година.

    Оперативните расходи во периодот Јануари – Март 2022 година изнесуваат 18.308 илјади денари и бележат зголемување од 4% во однос на истиот период  2021 година.

    Финансиските расходи изнесуваат 35 илјади денари и се за 45% пониски од финансиските расходи за истиот период 2021 година.

    Остварените консолидирани вкупни приходи за период Јануари – Март 2022 година изнесуваат 24.875  илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2021 година  бележат зголемување од 8%.

    Консолидираните оперативни приходи за период Јануари – Март 2022 година изнесуваат 24.886  илјади денари и бележат зголемување од 8% во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период 2021 година  .

    Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 9 илјади денари додека во 2021 година друштвото нема остварено финансиски приходи.

    Консолидираните расходи за период Јануари – Март 2022 година се во износ од 21.400 илјади  денари и бележат зголемување од 7% во однос на вкупните расходи  за истиот период 2021 година.

    Консолидираните оперативни расходи во периодот Јануари – Март 2022 година изнесуваат 21.365 илјади денари и бележат зголемување од 7% во однос на истиот период  2021 година.

    Консолидираните финансиски расходи  изнесуваат 35 илјади денари и се 45% пониски од финансиските расходи за истиот период 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично