Вечерва на полноќ, нови, поевтини цени на горивата.
Назив | Цена | Единица мера | Важи од |
ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 86,5 | ден/л | 13.03.2022 |
ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 88,5 | ден/л | 13.03.2022 |
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 88 | ден/л | 13.03.2022 |
Законските измени за намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата поминаа во Собрание, по што Регулаторната комисија за енергетика ноќеска донесе одлука да ја намали цената на бензинот за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.
Со 96 гласа „за“, доцна синоќа во Собрание поминаа измените на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите. Со измените, акцизата на горивата се намалува од 1,2 денари до 4,7 денари, додека ДДВ-то се намалува од 18 на 10 отсто.
„Согласно усвоените измени на законите за ДДВ и акцизи, Регулаторната комисија за енергетика ноќеска одлучи врз основа на новите пресметки, цената на бензините да се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари. Оваа одлука стапува во сила во недела во 00.01 часот“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.