ПОВЕЌЕ

    Фершпед лани работел со добивка

    Време зa читање: 2 минути

    Остварените вкупни приходи во периодот Јануари-Декември 2021 година изнесуваат 4.604.265 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2020 година бележат зголемување   од 38 %. Оперативните приходи во износ 4.600.054 илјади денари учествуваат со 99,9 % во вкупните приходи и истите бележат раст од 38 % во споредба со оперативните приходи во 2020 година.

    Финансиските приходи бележат значително намалување во однос на истите од претходната година.

    Вкупните расходи во износ од 4.509.995 илјади денари бележат раст од 38 % во однос на вкупните расходи  во 2020 година. Оперативните расходи во износ 4.509.013 илјади денари бележат раст од 38 % во однос на 2020 година. Најголемо учество во оперативните расходи со 88,5 % имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 3.991.515 илјади денари.

    Финансиските расходи бележат значително намалување во однос на истите од претходната година.

    Фершпед АД Скопје за периодот Јануари-Декември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат  искажан во  неревидираниот Биланс на успех во износ од  83.026 илјади денари.

    На Годишното собрание на акционери одржано на 27.05.2021 година одобрена е пресметка и исплата на бруто дивиденда  од акумулирана нераспределена оданочена добивка на друштвото од минати години во бруто износ од 8.966.650 денари, односно 550 денари бруто за една акција.

    Вкупните обврски по кредити на 31.12.2021 година изнесуваат  23.808 илјади денари и истите се намалени за 23.295 илјади денари или за 49,5% во споредба со состојбата на 31.12.2020 година и претставуваат  1 ,1% од капиталот и резервите.

    Исполнување на планот и очекувања во претстојниот период

    За реализација на планираните цели во претстојниот период, се предвидува одржување, но и подобрување на квалитетот на реализација со превземените активности.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично