Мате Римац на својот Фејсбук објави дека неговата компанија Римац Груп бара големи засилувања, а секој што ќе препорача вработен ќе биде награден со дури 1.000 евра бруто.
„Како што растеме со големи производствени проекти за глобалните автомобилски компании во изградба и подготовка, ние се шириме на сите нивоа. Овој пат бараме засилувања во набавката и логистиката“, напиша Римац. Секој што ќе препорача кандидат, а тој евентуално ќе се вработи, ќе биде награден со 1.000 евра (бруто) – без разлика дали сте вработен во Римац Груп или не“, објави Римац.
Римац бара искусни експерти во областа на набавките и логистиката кои би ја преземале одговорноста за повеќето делови од големите проекти, напиша Римац, наведувајќи пример.
„Лицето ќе биде одговорно за набавка на материјали и компоненти за батеријата или погонскиот систем што ги развиваме и произведуваме во стотици илјади единици за голема автомобилска компанија“, напиша тој.
Тој смета дека се работи за сложени проекти кои не се за почетници и побара од сите заинтересирани да не препорачуваат неквалификувани и неискусни кандидати.
„Додадовме над 450 луѓе во нашиот тим во 2021 година (не сметајќи ги колегите кои ни се придружија од Bugatti) и планираме да вработиме над 700 луѓе во 2022 година – затоа имајте ги очите отворени за позиции што ви одговараат“, вели Римац.