Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, вкупното бруто-примарно производство на енергија во Република Северна Македонија изнесува 981 554 toe или 38.0 % од вкупно потребната енергија.
Вкупната потребна енергија за 2020 година изнесува 2 583 029 toe.
Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2020 година се: сообраќајот со 34.8 %, домаќинствата со 27.2 % и индустријата со 24.5 % (од расположливата финална потрошувачка).
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, вкупното бруто-примарно производство на енергија во Република Северна Македонија изнесува 1 145 402 toe или 40.4 % од вкупно потребната енергија.
Вкупната потребна енергија за 2019 година изнесува 2 832 969 toe.
Аналитика








