ПОВЕЌЕ

    5 придобивки од долгорочно штедење на депозитна сметка

    Време зa читање: 2 минути

    Постигнување на финансиските цели

    Планирањето и поставувањето финансиски цели навреме, го олеснуваат процесот на штедењето.

    Со планирање однапред, можете да поставите краткорочни и среднорочни цели, како што е на пример заштедата на депозит за дом или брак, како и долгорочни цели, како што е пензионирањето.

    Дури и ако немате одредено конкретна цел на ум, има смисла да штедите за итни случаи. Да ​​бидете во можност да се потпрете на вашите заштеди во кое било време, значи дека нема да треба „да се борите“ финансиски при разни ситуации и настани што ги носи животот со себе.

    Важно е да заштедите и да инвестирате на начин како што тоа ќе биде правилно за вас и вашите цели, меѓудругото и независен финансиски советник може да ви помогне да донесете правилни одлуки.

    Можеби ќе ве интересира нашата статија со наслов: „Како до богатство? – Прашање на кое не(и)ма одговор

    Подолу на илустрацијата ви даваме 5 придобивки од долгорочно штедење на депозитна сметка. Доколку започнете со долгорочно штедење, како ќе поминува времето, вие ќе бидете сé посигурни во вашата финансиска иднина:

    1. Примарно е тоа што ќе станете финансиски независни.

    2. Секогаш ќе сте спремни за непредвидени краткорочни трошоци.

    3. Што и да се промени непланирано во вашиот живот, а притоа има влијание врз вашата финансиска ситуација, ќе можете од вашата заштеда да алоцирате доволно средства и да се адаптирате на новата „околина“.

    4. Колку подолго штедите, имате поголема финансиска сигурност, тие средства во иднина ќе можете да ги сметате за ваш резервен план. Во случај кога нешто нема да е во ред со вашето работно место, нема да примате плата или добиете отказ.

    5. Вие ќе се чувствувате обезбедено и комфорно за време на пензиските денови.

    Поврзано со темата, можеби ќе ве интересира нашата статија со наслов: „Како мудро да располагате со своите пари?

    Повеќе ТЕМИ слични на 5 придобивки од долгорочно штедење на депозитна сметка можете да најдете во категоријата ЕСПРЕСО.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично